Коментарите на Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател, навестија каква политика на Блискиот Исток би можела да се води во случај на враќање на Трамп во Белата куќа.
Џаред Кушнер го пофали „многу вредниот“ потенцијал на „крајбрежниот простор“ на Газа, сугерирајќи дека Израел треба да ги отстрани цивилите додека ја „чисти“ палестинската територија долж Средоземното Море.
Поранешниот трговец со недвижности, кој е во брак со ќерката на Доналд Трамп, го изјави ова во интервју на Универзитетот Харвард на 8 март, објави лондонскиот весник „Гардијан“.
Кушнер беше висок советник за надворешна политика за време на мандатот на Трамп и имаше задача да подготви мировен план за Блискиот Исток. Критичарите на планот, кој вклучуваше договор за нормализирање на односите меѓу Израел и земјите од Персискиот залив, рекоа дека тој ги заобиколи прашањата за иднината на Палестинците.
Неговите забелешки на Харвард навестија каква политика на Блискиот Исток би можела да се води доколку Трамп се врати во Белата куќа, вклучувајќи ги и напорите за договор за нормализација меѓу Саудиска Арабија и Израел.
„Имотот долж Појасот Газа може да биде многу вреден ако луѓето се фокусираат на создавање средства за живот“, му рече Кушнер на професорот Тарек Масуд, претседател на иницијативата за Блискиот Исток на Харвард, кој го спроведе интервјуто.
Тој, исто така, рече дека жали за „парите“ што биле вложени во тунелската мрежа и муниција наместо во образование и иновации.
„Таму е малку несреќна ситуација, но мислам дека од перспектива на Израел би дал се од себе да ги иселам луѓето и потоа да го исчистам“, додаде Кушнер, додавајќи:
„Но, мислам дека Израел не кажа дека не сака луѓето да се вратат подоцна.” “.
Кушнер, меѓу другото, рече дека мисли оти Израел треба да премести цивили од Газа во пустината Негев во јужен Израел.
Тој рече дека доколку е на чело на Израел, негов приоритет ќе биде да ги исели Палестинците од јужниот град Рафах, додавајќи дека со „соодветна дипломатија“ е потенцијално можно да се префрлат во Египет, навестувајќи го планот за Негев, пустина во јужен Израел.
„Би израмнил дел од Негев со булдожер и би се обидел да префрлам луѓе таму“, рече тој и додаде:
Знам дека нема да биде популарно, но мислам дека е подобра опција, па некој може да влезе и да ја заврши работата во Газа“.
Подоцна, за време на разговорот со Масуд, тој повтори дека смета дека тоа ќе биде „вистинскиот потег“.
Изненаден од неговиот предлог, Масуд го прашал: „Дали ова е нешто за што зборуваат во Израел?“.
„Сакам да кажам дека ова е всушност прв пат да го слушнам тоа од некој, освен претседателот Сиси [египетскиот лидер], кој предложи дека луѓето од Газа, кои се обидуваат да избегаат од борбите, би можеле да најдат засолниште во Негев. Дали луѓето во Израел сериозно зборуваат за таа можност“, праша Масуд.
Кушнер одговори дека „не знае“.
„Во моментов седам во Мајами Бич, гледам што се случува и размислувам што би направил кога би бил таму“, рече тој.