Џесика Алба е на насловната страница на мартовскиот број на магазинот „Ел“ за индискиот пазар. Актерката за оваа прилика позираше во креација со потпис на индискиот дизајнер Маниш Малхотра, карактеристична по отворен грб и златни нишки кои се испреплетуваат по целата должина.
Целокупниот изглед оваа 42-годишна убавица го комплетираше со златни обетки, кои се и дело на гореспоменатиот индиски дизајнер.
Алба во интервју за магазинот „Ел“ зборуваше за својата тридецениска кариера на филмското платно, но и за нејзината лична перцепција за претходните улоги во филмови и серии.
“Отсекогаш сум била внимателна како актерка. Отсекогаш сум била силна и го имав тоа грубо лице кое ја привлекува машката енергија. Кога ќе погледнам наназад на мојот живот, разбирам зошто бев таков, веројатно за да се заштитам од повеќето луѓе”, рече таа
Џесика Алба се присети на своите помлади денови, односно на улогата која и ги отвори вратите на Холивуд. Голема слава, како што вели, стекнала на 19 години, кога била номинирана за Златен глобус за главна женска улога во ТВ серијата „Мрачен ангел“.
View this post on Instagram
Но и таа слава носеше одредени стравови…
„Можев да бидам потенцијална мета на многу предатори. За среќа, не бев“
Иако денес не се занимава активно со актерство, Џесика Алба работи друго. Таа е креативен директор во The Honest Company, која произведува и продава предмети за домаќинството.