Масовна полициска акција со апсења во Будва и Подгорица – подготвувале серија убиства

од Симе Стоиков
308 прегледи

Во Подгорица и Будва утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство се уапсени повеќе лица за создавање криминална организација и подготвување на повеќе убиства и други тешки кривични дела.

Во тек се претреси на станови, куќи и други простории на осомничените за кои се претпоставува дека се членови на организирани криминални групи.

Акцијата за апсење и претрес ја спровеле службениците на Специјалното полициско одделение (СПО) и Секторот за борба против криминалот (СБПК), јавуваат подгоричките медиуми.

Од обвинителството велат дека се во процес на распит на уапсените како осомничени.

Слични содржини