Чави сeпак ќе биде на клупата за Ел Класико

од Симе Стоиков
200 прегледи

Чави Ернандез ќе може да седне на клупата на Барселона на Ел Класико против Реал Мадрид, што е на програмата на 21 април во шпанската престолнина.

На натпреварот против Атлетико Мадрид, Чави беше исклучен и тоа автоматски значеше суспензија од два натпревари.

Тоа ќе го направи на натпреварите против Лас Палмас дома и на Кадиз на гости. Бидејќи го повтори прекршокот, се стравуваше дека казната овојпат ќе биде поголема.

Сепак, дисциплинските органи не посегнаа по драстична санкција и Чави ќе го предводи својот тим во најголемото шпанско дерби.

Слични содржини