Шпанија ѝ испраќа стари „леопарди“ во Украина

Локалните медиуми проценуваат дека Шпанија ѝ испратила на Украина воена помош вредна 133 милиони евра, од очила за ноќно гледање до „леопарди“.

од Бети Божиноска
251 прегледи

Шпанија, која има залихи од околу 100 возила произведени во доцните 1980-ти и набавени од германскиот вишок во 1998 година, ќе ѝ донира 20 тенкови „леопард 2А4“ на Украина, објавија локалните медиуми.

Минатата година Мадрид испрати десет од овие тенкови од германско производство во Украина, а старо-новите возила ќе бидат извлечени од складиштето во Сарагоса, каде што беа во последните десет години, но претходно ќе одат на поправка во фабрика во Севиља оред да му бидат испратени на Киев.

Спорд Еј-би-си, испораката се очекува во следните неколку месеци.

Локалните медиуми проценуваат дека Шпанија ѝ испратила на Украина воена помош вредна 133 милиони евра, од очила за ноќно гледање до „леопарди“.

Заедно со дополнителните 14 тенка „леопард 2А4“ ветени од Германија и Холандија, шпанската донација треба да ѝ овозможи на 33-та механизирана бригада на Киев да ја надополни својата флота погодена од загуби и дефекти на бојното поле, пишува магазинот „Форбс“.

Москва предупреди дека помошта од Западот за Украина нема да го промени исходот од конфликтот, туку само ќе го продолжи, и оцени дека Западот ја користи Украина за да води „прокси војна“ против Русија.

Слични содржини