Американците ги „купија“ и Германците: Се случи незамисливото, прекината традиција стара 70 години

од Симе Стоиков
218 прегледи

Привршува една ера во германската репрезентација. Симболот Елф заминува во историјата. Американците успеаја во незамисливото и за тоа платија огромни пари, наводно 100 милиони евра годишно.

Американскиот гигант за спортска опрема Најк ќе ги снабдува сите германски репрезентации со својата облека и опрема од 2027 година, изненадувачки објави Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) во четвртокот.

Новиот договор важи до 2034 година и ја прекинува долгогодишната врска на Германија со Адидас, која траеше околу 70 години и изгледаше непоколеблива.

Германската машка репрезентација го користи седиштето на Адидас во Херцогенаурах, во близина на Нирнберг, како тимска база за Европското првенство, на кое Германија е домаќин ова лето.

Изгледа дека Адидас е изненаден од одлуката на ДФБ да се префрли на нивниот најголем ривал, што само потврди во кратка изјава.

„ДФБ денеска не информираше дека Федерацијата ќе има нов добавувач од 2027 година.

Слични содржини