Утре изложба на оружје, борбени системи, опрема на АРМ и показна вежба на Охридското Езеро

од Симе Стоиков
151 прегледи

Припадници на Армијата на РСМ утре на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 до 18 часот ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на активноста, припадници на Баталјонот за специјални сили во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект. Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Со оваа активност Армијата на РСМ ја одбележува 75-годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4-годишнината од членството на РСМ во Североатлантскиот сојуз.

Од полицијата ушатуваат апел до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на настанот

Слични содржини