550
Помладиот брат на Кејт Мидлтон, Џејмс, се огласи на својот Инстаграм профил откако објави дека принцезата боледува од рак.
Џејмс сподели фотографија од детството, а во описот испрати потресна порака.
„Со текот на годините заедно искачивме многу планини. Како семејство, ќе го искачиме и ова со тебе“, напиша тој во описот на фотографијата.
Потсетуваме дека вчера во видео на Инстаграм принцезата сподели со светот дека боледува од рак.
View this post on Instagram