Силјановска Давкова: Најостро го осудувам терористичкиот напад во Москва

од Симе Стоиков
269 прегледи

Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова која е претседателски кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ се огласи на својот фејсбук профил по настаните во Москва

-Најостро го осудувам терористичкиот напад во Москва! Недвосмислено го осудувам нападот насочен кон луѓе кои настрадаа затоа што беа присутни на концерт во Москва. Ништо не може да ги оправда ваквите грозоморни злосторства. Моето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните семејства.

Му изразувам искрено сочувство на целиот руски народ за загубените животи и за повредените во вчерашниот напад.
Ги повикувам граѓаните на Македонија во Москва на внимателност.

Ја повикувам меѓународната заедница на заедничка осуда и акција против тероризмот како едно од најголемите зла на денешнината.

Слични содржини