Зеленски го разрешил секретарот на Советот за национална безбедност на Украина

Украинскиот канал „Политика Страни“ на „Телеграм“ кој инаку е канал на порталот „Страна.уа“, пишува дека Литвиенко е човекот на Андреј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

од Бети Божиноска
196 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го разрешил секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов и на негово место го поставил поранешниот шеф на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Александар Литвиенко.

Данилов беше на таа позиција уште од пред почетокот на конфликтот со Русија, од 2019 година.

Украинскиот канал „Политика Страни“ на „Телеграм“ кој инаку е канал на порталот „Страна.уа“, пишува дека Литвиенко е човекот на Андреј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

„Тоа е прилично добар показател за силите во најтесниот круг на Зеленски“, заклучува овој медиум, кој исто така тврди дека Данилов од почетокот на СВО до денес изгубил „сериозно влијание врз политичките процеси“.

Слични содржини