Олимпискиот оган на Олимпијадата 2024 во Париз ќе гори пред „Лувр“

Имаше шпекулации дека пламенот може да биде поставен на Ајфеловата кула, а организаторите размислувале да го стават и во дворот на „Лувр“, најголемиот музеј во светот.

од Бети Божиноска
267 прегледи

Олимпискиот оган ќе гори во паркот „Тиљерие“ пред музејот „Лувр“ додека траат Олимписките игри во Париз во јули и август, извор запознат со дискусиите потврдил за „Франс24“.

„Одлуката за поставување на олимпискиот горилник во туристичкото жариште во центарот на градот е донесена пред неколку недели. „Тиљерие“ се појави како прв избор поради лесната пристапност за јавноста “, вели изворот кој сакал да остане анонимен.

Имаше шпекулации дека пламенот може да биде поставен на Ајфеловата кула, а организаторите размислувале да го стават и во дворот на „Лувр“, најголемиот музеј во светот.

„Паркот „Тиљерие“ е област што може лесно да се обезбеди. Ќе има дежурни безбедносни сили за да го заштитат пламенот и пошироката јавност ќе може да го види благодарение на подигнатите пешачки патеки околу градината“, додаде изворот.

Палењето на Олимпискиот горилник е клучен момент за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, сигнализирајќи го формалниот почеток на глобалната спортска екстраваганца. Не е јасно дали горилникот ќе биде запален во „Тиљерие“ или ќе биде пренесен таму по досега невидената церемонија на отворање на 26 јули која треба да се одржи на чамци по Сена.

Идентитетот на лицето на кое му е дадена честа да го запали огнотм останува непознат, а деталите за церемонијата на отворање — што прв пат ќе се одржи надвор од атлетскиот стадион – се строго чувана тајна.

Организаторите ветија дека ќе ја направат првата Олипијада во Париз по 100 години „незаборавна“.

Прашан за горилникот, организацискиот комитет во Париз изјави дека „нема да потврдиме ниту да негираме некоја од информациите што циркулират. Веќе имапе многу шпекулации околу локацијата за олимпискиот оган“.

„Организаторите велат дека сакаат олимпискиот оган да биде „поставен во срцето на Париз поради неговата симболика и за да биде видлив за сите“, се додава во соопштението.

Олимписките игри во Париз треба да се одржат на локации низ главниот град, меѓу кои и на привремените стадиони покрај Ајфеловата кула и на Плас де ла Конкорд, кој се надоврзува на паркот „Тиљерие“. Паркот е дизајниран во 1664 година по налог на „Кралот на сонцето“ Луј XIV и е тесно поврзан со нефункционалното француско кралско семејство како и со антимонархистичката Револуција од 1789 година.

Патувањето на олимпискоот факелот за Париз 2024 година ќе почне на 16 април, кога пламенот ќе биде земен од Олимпија во Грција, пред да биде транспортиран по море до Марсеј со тријарболен француски едреник од 19 век наречен „Белем“.

Огнот потоа ќе патува низ 400 француски града и десетици туристички атракции во текот на патувањето долго 12.000 км низ копнената и прекокеанските територии на Франција на Карибите, во Ондискиот Океан и во Пацификот.

 

 

Слични содржини