Државјанин на Таџикистан приведен за коментар за терористичкиот напад во Москва

Според извештајот на Истражниот комитет, осомничениот од 24 до 25 март објавувал коментари на Интернет со кои го оправдувал терористичкиот напад во „Крокус“.

од Бети Божиноска
177 прегледи

Државјанин на Таџикистан кој живее во Санкт Петербург е осомничен за поддршка на тероризмот откако на социјалните мрежи објавил коментари за терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во предградието на Москва, соопшти прес-службата на градското седиште на Рускиот истражен комитет во Санкт Петербург.

Според извештајот на Истражниот комитет, осомничениот од 24 до 25 март објавувал коментари на Интернет со кои го оправдувал терористичкиот напад во „Крокус“.

„Дваесет и шестгодишен државјанин на Таџикистан, кој не е регистриран во Русија, е осомничен дека сторил кривично дело според Дел 2 од член 205.2 од Кривичниот законик на Руската Федерација (оправдување на тероризам)“ се вели во соопштението.

Судот дополнително ќе одлучи за притворот на осомничениот.

Во терористичкиот напад на 22 март вечерта пред концертот во „Крокус сити хол“ загинаа 143 лице. Следниот ден во регионот Брјанск се уапсени четворицата директни извршители на масакрот.

Слични содржини