Почина уште еден од ранетите во терористичкиот напад во Москва

Со тоа, бројот на загинати во терористичкиот напад на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 141, а состојбата на уште неколкумина е сериозна.

од Бети Божиноска
274 прегледи

Почина уште еден ранет кој беше во тешка состојба по терористичкиот напад во Москва пред една недела, изјави денеска рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко. Министерот рече дека починатиот пациент имал тешки прострелни рани, пренесе ТАСС.

Со тоа, бројот на загинати во терористичкиот напад на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 141, а состојбата на уште неколкумина е сериозна.

Претходно Белоруската амбасада во Руската Федерација извести за смрт на државјанин на Белорусија како последица на терористичкиот напад. Според нивните податоци, станува збор за маж роден 1981 година кој се здобил со повеќекратни рани од куршуми.

Слични содржини