Џејми Оливер отвори италијански ресторан во Белград

На официјалната страна на белградскиот ресторан на Џејми Оливер е достапно и мени со бројни специјалитети од италијанската кујна по рецепт на познатиот британски готвач.

од Бети Божиноска
217 прегледи

Познатиот британски готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер се пофали на Инстаграм дека неговиот ресторан Jamie’s Italian е отворен во Белград.

„Белграде, отворени сме“, напиша Оливер во стори на својот профил на „Инстаграм“ со фотографија од персоналот пред новоотворениот ресторан на шеталиштето Сава, во ‘Белград на вода’.

„Големи честитки до целиот мој тим во @jamiesitalianserbia кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на ‘Белград на вода’, на брегот на реката Сава,“ напиша Оливер во пост со фотографија од чинија со специјалитетите на новата гастрономска атракција во соседството.

Оливер на стори сподели и видео од пица која се подготвува во неговиот белградски ресторан.

„Вратите се официјално отворени и само погледнете ги тие пици! Одлична работа на тимот на @jamiesitalianserbia. Многу сум горд на сите вас. Пренесете им ја мојата љубов на сите“, напиша познатиот готвач.

На официјалната страна на белградскиот ресторан на Џејми Оливер е достапно и мени со бројни специјалитети од италијанската кујна по рецепт на познатиот британски готвач.

Цените на пицата се движат од 865 динари („Маринара“ со пелати, сардели, каперси, лук и оригано) до 1.555 динари („Сан Даниеле“, наречена според познатата пршута, на која одат и пелаи, моцарела и сирења ‘страчатела’, пикантна рукола и пармезан) .

Најевтино главно јадење се равиолите со тартуфи (975 динари), а најскапото е стек со путер од тартуфи, печурки и сос „кјанти“ (2.725 динари). Во ресторанот на Џејми Оливер можете и да се засладите. Најпристапен деликатес е панакота со ф’стаци – 545 динари, порција со три топки сладолед чини 565 динари, а најскап е „чизкејкот Амалфи“ – 765 динари.

Слични содржини