Петровска: Информатичките системи треба постојано да се надградуваат и да бидат заштитувани на соодветен начин,бидејќи се цел на хакерски напади

од Симе Стоиков
233 прегледи

„Тоа кажува и праќа една порака дека системите, информатичките системи треба постојано да се надградуваат и постојано да бидат заштитувани на соодветен начин. Како земја членка на Алијансата, по дефиниција за оние кои не се пријатели на Алијансата, таквите ситеми стануваат, според нив легитимна цел или цел за извршување на напади.

Државите апсолутно имаат обврска, пред се заради заштита на самите интереси, виталните интереси на државата да превземаат мерки за градење на отпорност на таквите системи, се разбира и да учествуваат во нивната заштита. Тоа е сериозен предизвик во денешно време, сериозен предизвик е да воспоставите систем кој ќе биде доволно квалитетен и ефикасен за да гарантира целосна заштита на информатичките системи, во државата во различни сегменти,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Трилинг на ТВ 24, за неодамнешниот хакерски упад на МЕПСО.

Таа посочи дека Министерството за одбрана, затоа што е еден од носителите на нашето пристапување во Алијансата, многу порано и многу побрзо и ефикасно има завршено голем дел од обврските кои се однесуваат на градењето на безбедноста на информациските системи, има изградено систем на заштита кој што постојано го надоградува и постојано го усовршува.

„Ваквата координација и помеѓу институцијата која не е дел можеби од безбедносно-разузнавачките служби и институции како во случајов, треба навремено да извести за случувањата во својата институција се разбира, да постои координирана активност помеѓу сите институции затоа што безбедносно-разузнавачката заедница не е задолжена да ги следи или да реагира во случај на хакерски напади, меѓутоа поврзаност со соодветната институција која е задолжена за тоа,“ рече Петровска.

Слични содржини