Седумнаесет лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.
Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија за австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зоната за заклучување, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг, пренесува АПА.
За несреќата на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полиција.