Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин изјави дека околу црквите се распоредени 13.500 полицајци и војници како заштита од можни терористички напади за време на велигденските празници.
– Припадниците на безбедносните сили се распоредени низ целата земја од Велики петок до прв ден Велидгден со цел да се обезбеди заштита во исклучително тежок контекст и можност од терористички напад, предупредил Дарманин, пренесува АФП.
Според него, 13.500 полицајци, специјалци и членови на антитерористичката единица се распоредени во и околу 4.350 верски објекти, католички и протестантски.
Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво по смртоносниот напад во трговскиот центар во Москва на 22 март, во кој загинаа 144 лица.
Франција во последните години беше потресена од напади на Џихадисти.
Католиците и протестантите денеска го слават Христовото Воскресение, додека останатите православни христијани го слават Велигден на 5 мај.