Нетанјаху опериран – позната состојбатa на премиерот на Израел

од Симе Стоиков
418 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се разбудил од анестезија по успешната операција на кила која вчера беше извршена, соопштија од болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, каде е извршена операцијата.

„Тој е буден, се опоравува и разговараше со семејството“, изјави директорот на хирургија во болницата, Алон Пикарски, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека операцијата се одвивала според планот.

На израелскиот премиер му била дијагностицирана хернија за време на рутински преглед во саботата вечерта.

Министерот за правда и заменик на Нетанјахум Јарив Левин беше вршител на должноста премиер додека Нетанјаху беше опериран.
Во јули минатата година, Нетанјаху имаше операција на срцето, кога му беше вграден пејсмејкер.

Слични содржини