Повторно се тресе клупата на Алегри – замената е подготвена

од Симе Стоиков
232 прегледи

На Масимилијано Алегри работа на клупата на Јувентус следната сезона не му е сигурна. Италијанските медиуми денеска повторно пишуваат за кризата во Јувентус, по четири натпревари без победа.

Јувентус последен пат славеше на 25 февруари против Фросиноне, оттогаш освои само два бода во ремито со Аталанта и Џенова, а Макс Алегри сега повторно е на тенок мраз.

Во Јувентус се убедени дека Тиаго Мота е идеална замена доколку Алегри го испушти и третото место и го доведе во прашање пласманот во Лигата на шампионите. Му дише во врат Болоња на Мотина, има само два бода помалку, а не заостанува ниту Рома со седум помалку.

Мота оваа сезона покажа дека е подготвен за големи работи, па ако Болоња обезбеди пласман во Лигата на шампионите, прашање е дали ќе сака да го напушти клубот.

Слични содржини