Османи ќе присуствува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Во фокусот на состанокот  ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на самитот во Вашингтон.

од Бети Божиноска
132 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО, известуваат од кабинетот на Османи.

Во фокусот на состанокот  ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на самитот во Вашингтон.

На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.

Слични содржини