150
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски таблички излетал од патот и се превртел.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, првичните информации од увидот кој се уште трае покажуват дка едно лице загинало, а причините за несреќата дополнително ќе се истражуваат.
Поради несреќата, сообраќајот се одвива отежнато во двата правца.