МЗШВ: Исплатени 302 милиони денари во субвенции кон 13.440 земјоделци за овоштарство и градинарство

Веќе до крајот на неделата АФПЗРР треба да ја реализира и исплатата, кај полјоделските култури, односно поддршката за користен сертифициран семенски материјал, велт од министерството.

од Бети Божиноска
599 прегледи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска ја реализраше исплатата на директните плаќања кон земјоделците за остварено производство со градинарски култури и остварено производство со овошни култури, известува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од министерството посочуваат дек како корисници на поддршката за градинарство се јавуваат 6.200 производители на домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници. Притоа овие корисници своето остварено производство го предале на регистриран откупувач, или го продале на пазар.

„Висината на поддршката по поединечен корисник изнесува 20.000 денари по хектар. Вкупно се исплатени 85 милиони денари поддршка кон производителите на градинарски култури,“ информират оттаму.

Поддршката за оствареното производство со овошни култури, се однесува на корисници, кои пријавиле производство на јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев бадем и калинка.

„Кај оваа мерка исплатени се над 7.240 корисници со вкупна финансиска поддршка од 217,7 милиони денари,“ велат од министерството.

Поддршката за пријавено производство со јаболко изнесува 30.000 денари по хектар, за слива и праска изнесува 25.000 денари по хектар, за вишна, цреша, кајсија и круша поддршката изнесува 22.000 денари по хектар, додека за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари по хектар.

Министерството за земјодлство најави дека во наредниот период че продолжат со исплата на финансиската поддршка за растително производство.

„Веќе до крајот на неделата АФПЗРР треба да ја реализира и исплатата, кај полјоделските култури, односно поддршката за користен сертифициран семенски материјал, освен за оризот, каде дополнителната поддршка не е условена со користење на сертифициран семенски материјал,“ информираат оттаму.

Истовремено АФПЗРР ги подготвува соодветните налози за исплата на субвенциите за тутун за реколта 2023, по основ на две мерки кои предвидуваат поддршка од 80 денари за прва класа, 70 за втора, 60 за трета како и дополнителна поддршка од 20 денари по килограм предаден тутун.

Следува и реализацијaта на дополнителните мерки од делот на сточарството за огледувачите на говеда и кози, како и мерките за органско производство, поддршката за подрачја со ограничени можности и дополнителните субвенции за регистрираните земјоделци.

Слични содржини