Цеца проговори за пишувањата дека ќерка и Анастасија е бремена

од Симе Стоиков
368 прегледи

Цеца Ражнатовиќ пред снимањето на новата емисија „Ѕвезда Гранда“ беше прашана за наводната бременост на нејзината ќерка Анастасија, бидејќи од пред неколку дена се шпекулира дека таа повторно е во блажена состојба.

– Озборувања! Претпоставувам дека како мајка прва би дознала дека е бремена… – низ насмевка одговорила Цеца

Таа ја коментираше и љубовта на нејзиниот син Вељко кон животните, бидејќи има неколку кучиња.

– Неговиот татко многу ги сакаше животните и мислам дека таа љубов ја наследил од него, особено кон кучињата. Човекот чуваше тигар (се смее), што да ти кажам… – рекла Цеца.

Таа истакнува дека нема домашно милениче.

– Богдана има малтезер, сестра ми аомеранец, а јас немам никаков. Бара грижа, а јас немам време. Имам внуци (се смее) – изјави Цеца за Гранд.

Слични содржини