Денес има повеќе милијардери од кога било досега (2.781) и тој број ќе расте во наредните години бидејќи постарата генерација супербогати луѓе се подготвуваат да го пренесат своето богатство на своите наследници.
Сите светски милијардери помлади од 30 години го наследиле своето богатство, а првиот бран на „големиот трансфер на богатство“ треба да се случи во следните две децении кога повеќе од 1.000 богати луѓе ќе пренесат над 5.200 милијарди долари на своите наследници, покажа истражувањето на магазинот Форбс.
Денес, има повеќе милијардери од кога било досега (2.781), а тој број се очекува да расте во наредните години, за време на кои постарата генерација супербогати луѓе се подготвува да го пренесе своето богатство на своите наследници, пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.
Истражувањето на Форбс покажа дека во светот има 15 милијардери на возраст од 30 години, или помлади, но ниту еден од нив не создал сопствено богатство, туку го добил во наследство.
Најмладата милијардерка има само 19 години
Меѓу најбогатите се Ирецот Фироз Мистри (27) и неговиот брат Захан (25). Двајцата имаат околу 4,9 милијарди долари од нивниот удел во Tata sons, матичната компанија на индискиот конгломерат Tata Group, која поседува автомобилски брендови, вклучувајќи ги Јагуар и Ленд Ровер. Тие го наследија својот удел од 4,6 отсто во компанијата во 2022 година по смртта на таткото Сајрус Мистри, кој почина околу три месеци по неговиот татко Палоњи Мистри.
Трите деца на Леонардо Дел Вечио, основачот на компанијата за луксузни очила за сонце Luxottica, станаа милијардери по неговата смрт во 2022 година. Леонардо Марија (28), Лука (22) и Клементе Дел Вечио (19) наследија по 12,5 отсто удел во семејниот бизнис во Луксембург, холдингот Делфин, кој поседува речиси една третина од EssilorLuxottica, компанијата која стои зад брендовите Ray-Ban и Oakley. Тројцата наследници на Леонардо Дел Вечио имаат богатство проценето на по 4,7 милијарди долари.
Најмладата милијардерка во светот е Ливија Војгт (19), која има богатство од 1,1 милијарда долари, благодарение на 3,1 отсто од акциите во WEG Industries, бразилски производител на електрична опрема, коосновач на нејзиниот дедо Вернер Рикардо, кој почина во 2016 година, пренесува Танјуг.