Германските министерки од партијата на Зелените сакаат да се венчаат. Тие порачаа дека хомосексуалноста не треба да се крие, јавува DPA.
Министерката за семејство на Северна Рајна Вестфалија Жозефин Пол и министерката за правда на Саксонија, Катја Мајер, како што самите изјавија, се првата хомосексуална двојка министерки во Германија.
„Хомосексуалноста мора да биде видлива, дури и на улица“, изјави Мајер (44) за магазинот Бунте, кој излегува во четврток.
Џозефин Пол (42) рече дека младите геј мажи и жени, сè уште се соочуваат со проблеми дома и со малтретирање во училиштата.
„На сите млади им е потребна поддршка во потрагата по себе. А младите луѓе кои се квир мора да бидат свесни дека нивната љубов е нешто природно“, вели Пол.
Нејзината партнерка изјавила дека повеќето луѓе го мислат истото, но дека сепак добива „грди разгледници и писма со најлоши навреди“, и дека тоа како што вели, не ја остава рамнодушна.
Сепак, тоа не е причината за нивната венчавка, планирана по изборите во Саксонија на 1 септември.
„Суштината не е во политичката симболика. Темелот е љубовта“, рече Пол, додавајќи дека луѓето „треба да ја покажат својата наклонетост“.