Швеѓаните потврдија – Ибрахимовиќ ќе се збогува од фудбалот на натпреварот против Србија

На 8 јуни во Стокхолм на „Френдс арената“, Златан ќе ги закачи копачките по 122 одиграни натпревари за шведската репрезентација.

од Бети Божиноска
275 прегледи

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе го одигра последниот натпревар во професионалната кариера против Србија. Последниот пријателски натпревар пред Европското првенство српските „орли“ ќе го одиграат на 8 јуни во Стокхолм на „Френдс арената“.

На тој натпревар Златан ќе ги закачи копачките по 122 одиграни натпревари за шведската репрезентација.

Ибрахимовиќ веќе имаше едно збогување, кое беше на крајот од минатата сезона на стадионот „Сан Сиро“, но последниот фудбалски збор ќе го каже пред своите навивачи во родната земја. За жолто-сините постигна 62 гола.

Во текот на кариерата Златан играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси, а последен клуб му беше Милан.