Српскиот полициски мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ им изрази сочувство на членовите на семејството на убиеното девојче Данка Илиќ и им се заблагодари за соработката со полицијата и потсети дека истрагата се одвивала паралелно и континуирано во повеќе насоки, пишува српски „Курир“.
Веќе вториот ден било констатирано дека таму се движело белото возило „ виатпанда“ како и уште 16 други возила, но, во иста насока се вратиле само две возила, меѓу кои и „пандата“.
„По исцрпувачки разговор со мајката, бидејќи детето било со неа, таа додека го барала детето забележала бело возило „фиат панда“ паркирано во близина. Утврдивме дека се работи за возило на Водовод“, изјави Отовиќ Пјановиќ.
Девојчето било видено во периодот од 13:45 до 13:52 часот, а возилото „панда“ било пред влезот на капијата во 13:50 часот. Пред тоа девојчето било видено на раскрсницата, другата куќа од плацот каде била мајката со детето.
„Со елиминирање на сите тие возила што влегувале и излегувале остана само спорното возило „фиат панда“. Откако застанале на влезот од капијата, влегуваат во возилото, се движат 30 до 40 метри по улицата, девојчето било на деснната страна на коловозот, се спуштиле со мала брзина. Удриле во девојчето, осомничениот сопатник ја ставил во багажникот каде што е алатот, ја однеле до вештачката депонија“, изјави Отовиќ Пјановиќ.
Таа посочува дека станува збор за информации според признанието на осомничените, но и дека има многу потврди благодарение на споредбените технички методи кои биле спроведени, врз основа на ГПС и нивните телефонски уреди.
„Два дена потоа го преместиле телото,“ изјави Отовиќ Пјановиќ.