Нетанјаху: Ќе им наштетиме на сите што планираат да ни наштетат

од Симе Стоиков
152 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе возврати на сите обиди да и се наштети на земјата.

Ова доаѓа откако земјата се подготвува за можен ирански одговор како реакција за убиството на главниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во Сирија, за што Техеран го обвини Тел Авив.

„Иран дејствува против нас со години, директно и преку полномошници. Затоа Израел дејствува против Иран и неговите полномошници дефанзивно и офанзивно“, рече Нетанјаху на состанокот на безбедносниот кабинет, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Тој додаде дека Израел ќе знае како да се брани и дека ќе постапи по едноставен принцип „да им наштети на оние кои му штетат или планираат да му наштетат“.

Слични содржини