Сите го посакуваат освен Баерн каде што и припаѓа

од Симе Стоиков
172 прегледи

Холандскиот фудбалер Џошуа Зиркзе, кој моментално настапува за Болоња, на лето би можел да се пресели во Милан.

Иако Баерн има право да го откупи договорот на талентираниот фудбалер, тоа нема да се случи. Баварците не планираат да и платат отштета на Болоња од 40 милиони евра.

Како што пренесува „Газета дело спорт“, Зиркзе се согласил да се пресели во Милан, кој за неговите услуги е подготвен да плати 50 милиони евра. Во него гледаат идеален наследник на Оливие Жиру, кој на крајот од сезоната ќе замине во МЛС.

Зиркзе сезонава одигра 31 натпревар, постигна 11 голови и забележа шест асистенции за Болоња, која е во одлична позиција во Серија А и моментално е на вистинскиот пат за пласман Лигата на шампионите.

Сепак, голем проблем можат да направат уште два гиганти, кои гризнаа за Холанѓанецот. Како што пренесуваат британските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучија Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Слични содржини