Неколку обични и сателитски антени, при што неколку очигледно веќе не работат – дел од технологијата што се гледа на покривот на рускиот генерален конзулат во Бон изгледа прилично истрошена. Но, впечатокот мами. Имено, различните структури на покривите на комплексот згради кои не откриваат што стои зад нив, би можеле да бидат многу поважни за Русија. Според информациите од безбедносните кругови, таму се крие најсовремената комуникациска и шпионска технологија.
Овие сеопфатно инсталирани објекти се вели дека се важна причина зошто руското раководство сè уште се држи до локацијата во Бон. Откако Русија го ограничи вкупното германско претставништво во Германија на 350 лица во 2023 година, кое вклучува дипломати, наставници, вработени во различни фондации, германската влада нареди затворање на конзулатот. Режимот на Путин одлучи да ги задржи само амбасадата во Берлин и генералниот конзулат во Бон. Тоа има последици за конзуларната работа, но и за шпионажата.
Според информациите на јавниот сервис WDR, NDR и весникот „ Süddeutsche Zeitung“, работата на руските тајни служби е променета од почетокот на агресијата врз Украина. Протерувањето на десетици шпиони, акредитирани како дипломати, и нанесе удар на Москва. Но, како што покажало истражувањето спроведено во безбедносните кругови, Русија ја променила тактиката, пишува Дојче Веле.
Концентрација на преостанат персонал?
Според истрагата на една новинарка, околу 20 шпиони се’ уште се акредитирани како дипломати во Германија. Сепак, ова веќе не е доволно за извршување на сложени операции и затоа што германските безбедносни служби веруваат дека одлично го следат овој преостанат персонал.
Шпиони маскирани како дипломати отсекогаш биле во центарот на интересот на германската канцеларија за заштита на уставниот поредок. Нивниот дипломатски статус во голема мера ги штити од гонење и тие традиционално се користат за регрутирање извори за информации. Германското контраразузнавање проценува дека до една третина од рускиот дипломатски персонал се всушност агенти.
Се до рускиот напад на Украина, германските политичари избегнуваа да преземат построги мерки против руските шпионски активисти. Затоа што требаше да се внимава да не бидат доведени во прашање кревките дипломатски односи. Беше познато дека Русија, во случај на протерување на нејзиниот персонал, потоа ќе протера еднаков број германски дипломатски персонал од Русија.
Меѓутоа, таа дипломатска воздржаност исчезна: Германија протера вкупно 40 руски дипломати во април 2022 година. Следната година уште 30, вклучувајќи го очигледно речиси целиот технички персонал, а истото се случи и во многу други европски земји.
По протерувањето на речиси 500 шпиони во последните две години, не остана многу од европската шпионска мрежа во руските амбасади и конзулати, која се одржуваше со децении.
Делумно, Русија се обидува да го замени протераниот персонал во Европа, на пример со шпиони кои претходно биле распоредени во амбасадите во Африка. Холандската домашна разузнавачка служба исто така неодамна предупреди дека агенти со лажни биографии се инфилтрираат преправени како бизнисмени.
Во исто време, Русија се потпира на земји со пријателски влади како Унгарија и Србија. Но, руските шпиони сега, според некои информации, се поактивни во Турција, Дубаи и Северна Африка.