206
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска при посетата на Кина изјави дека европскиот пазар на автомобили е отворен за Кина, но дека трговијата мора да биде фер и според правилата на пазарната конкуренција.
Во разговор со група студенти во Шангај, Шолц предупредил на дампинг, хиперпродукција и прекршување на интелектуалната сопственост, пренесe Ројтерс.
„Едно нешто што секогаш мора да биде јасно е дека конкуренцијата мора да биде фер, односно да нема преплавување на пазарот со евтини производи, да нема претерано производство и да не се прекршуваат авторските права“, нагласи германскиот канцелар.