240
Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на самитот на лидерите на ЕУ го критикуваше актуелното европско раководство и повика на промени во Брисел.
„Резултати на актуелното европско лидерство: Зелената транзиција неуспешна. Земјоделската политика неуспешна. Конкурентност неуспешна. Миграциската политика не успеа. Потребна ни е промена во Брисел“, рече Орбан на социјалната мрежа Х.
Вечерва во Брисел почна вонредниот дводневен самит на Европскиот совет на кој лидерите на ЕУ треба да разговараат за економските прашања, како и за односите со Турција, ситуацијата во Украина, но и на Блискиот Исток, по последната ескалација на конфликтот за време на викендот, кога Иран го нападна Израел со ракети и беспилотни летала.