315
Бугарската царинска служба запленила 403 килограми хероин откриени во камион со турски регистарски таблички. Хероинот поделен во 618 пакетчиња бил скриен меѓу 156 душеци што ги транспортирал камионот, пренесува АП.
Се проценува дека улична вредност на запленетиот хероин е 8,5 милиони евра.
Камионот бил запрен на преминот од турската страна на границата, изјави обвинителот на областа Хасково, Иван Стојанов.
Се верува дека прогата потекнува од Иран и е наменет за дистрибуција во Европската унија.
Турскиот државјанин кој го управувал камионот е приведен и се соочува со 20 години затвор доколку биде осуден за шверц на дрога.