209
Иранските власти ги демантираа информациите дека ќе има испорака на нови руски борбени авиони Су-35 во Иран, јави ДПА.
Според информативниот сајт „Фарару“, информациите во иранските медиуми дека земјата во следните неколку дена ќе ги добие авионите од најновата генерација се лажни.
Медиумите ја цитираат новинската агенција СНН, која е блиска до Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран. Самата агенција ја демантираше пораката на својата страница на Телеграм по барање од Министерството за одбрана.