Неколку деца се меѓу седумте ранети во руските напади во Одеса

од Симе Стоиков
210 прегледи

Најмалку седум лица, вклучително и две деца, се повредени во вторникот наутро во напади со руски беспилотни летала во пристанишниот град Одеса во Украина, соопштија официјални лица.

За време на нападот пожарот зафатил неколку згради, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Украинските противвоздушни ракети соборија 15 од 16 беспилотни летала што ги користeше Русија за напад на регионите Одеса, Киев, Миколаев и Черкаси, објавија украинските воздухопловни сили на Телеграм.

Сите беспилотни летала насочени кон Киев се уништени, изјави Сергеј Попко, шеф на воената управа на главниот град на Украина, додавајќи дека во градот нема жртви или штети.

Во последните недели Русија значително ги зголеми нападите со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилна и особено енергетска инфраструктура, предизвикувајќи голема штета на инфраструктурата и голем број цивилни жртви, а украинските сили се соочуваат со недостиг од муниција и системи за противвоздушна одбрана.

Слични содржини