Симоне Инзаги, тренерот на Интер, со победата над градскиот ривал Милан (2:1) ја освои 20-та титула во Серија А за тимот од Ломбардија.
Со тоа „зашиија“ уште една ѕвезда на својот грб и ги претекнаа Росонерите по бројот на титули.
„Убаво е чувството што сакам да го споделам со сите „интеристи“, од навивачите до претседателот. Веќе разговарав со него. Мислев и на моето семејство. Сопругата и синовите. Како и членовите на тимот. Сакам да го споделам ова со сите. Тие луѓе и страсните навиките ми даваат големо задоволство“, изјави Инзаги и додаде:
“Сите придонесоа за овој успех. Навивачите на Интер го заслужија тоа. Тие секогаш беа извонредни во победи и порази”.
Задоволен беше и од пристапот на градскиот ривал.
„Би сакал да му честитам на Милан. Ментално, не беше лесен натпревар за нив. Се бореа до крајот. Беа голем противник и така ќе биде и во иднина”, уверен е италијанскиот стручњак.
По три купа и два Суперкупа, Инзаги конечно ја освои титулата со „неаѕурите“ во својата трета година на „Џузепе Меаца“, каде што го замени Антонио Конте во 2021 година.