Стотици илјади луѓе во Аргентина протестираа против кратењата на државните универзитети

од Симе Стоиков
212 прегледи

Стотици илјади Аргентинци протестираа во Буенос Аирес против кратењето на буџетот за државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милај.

На протестот поддржан од синдикатите во главниот град на Аргентина и пошироко, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Да ги одбраниме државните универзитети“, „Студијата е право“ и „Горе буџетот, долу на планот на Мајли“.

Демонстрациите, одржани во вторникот, се најнов пример за зголемена тензија во земјата поради кратењата на трошоците кои помагаат да се намали големиот фискален дефицит, но предизвикува тешкотии во реалната економија, според Ројтерс.

Милај, кој се соочува со економска криза по долгогодишното прекумерно трошење на претходната влада, користи буџетски кратења кои и помогнаа на земјата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината, но извршија голем притисок врз јавниот сектор.

Аргентинската влада тврди дека ова е „политички протест“, бидејќи демонстрациите биле поддржани од некои политички лидери и синдикати.

Кабинетот на претседателот соопшти дека нема да биде ускратено јавното образование, но дека владата ќе продолжи да инсистира на ревизија на буџетот на државните универзитети, пренесува аргентинскиот Т.Н.

Слични содржини