Познатиот лондонски Биг Бен, кој се наоѓа на североисточниот крај на Вестминстерската палата, денеска застана и ги изненади лондончани.
Стрелките на четири страници на часовникот, по еден од сите страни на 96 метри високата кула Елизабета, одеднаш застанаа, а самиот факт што Биг Бен „замолчи“, загрижи, но и насмеа случајни минувач.
Имено, Биг Бен денеска беше „во мирување“ повеќе од еден час, а портпаролот на Долниот дом призна дека „привремено го покажуваат неточното време“ пред да се реши проблемот.
„Свесни сме дека часовниците на кулата Елизабета утрово привремено покажуваа неправилно време. Тимовите брзо работеа на отстранување на проблемот и го сервисираа механизмот, кој сега работи совршено“.
За потсетување, петгодишната реставрација на Биг Бен, вредна 80 милиони фунти, беше завршена во 2022 година.