Да се расте со нарцисоидни родители може да биде предизвик. Тие често им даваат приоритет на сопствените потреби и желби пред потребите на нивните деца. Таквата динамика може да остави последици во зрелоста. Терапевтот Мика Стивенс издвоил една последица. Во една неодамнешна објава на Инстаграм, тој откри еден знак што покажува дека сме пораснале со нарцисоидни родители.
„Еден знак дека сте одгледани од нарцисоиден родител е дека се чувствувате вредни само ако направите нешто“, вели терапевтот во објавата. Тој објаснува дека тоа се случува кога имаме родител или родители кои биле егоцентрични.
„Тие не можеа да ве ценат едноставно затоа што постоите, бидејќи веројатно не беа ценети ниту поради тоа. Така, тие можеа да ве ценат само додека правите нешто за да им угодите“, додаде тој.
View this post on Instagram
Ова може да има последици во зрелоста. „Ако сè уште чувствувате дека треба да правите работи за да бидете вредни, тоа е затоа што несвесно сè уште се обидувате да им угодите на родителите“, заклучил Стивенс.
Ако се препознаеме во овој модел на однесување, важно е активно да работиме на тоа. Разговорот со професионалец или терапија може да бидат корисна алатка во процесот на решавање на овие видови на емоционални предизвици.