Лоши вести за Французите пред ЕП

од Симе Стоиков
223 прегледи

Францускиот фудбалски голман Мајк Мањан го повреди мускулот на десната бутина на само шест недели пред Европското првенство, соопшти неговиот клуб Милан.

Италијанскиот клуб објави дека Мањан, кој е прв голман на Франција, бил подложен на магнетна резонанца, која ја открила повредата, но не соопшти колку долго ќе паузира.

Повредата на Мањан е лоша вест за селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој на 16 мај ќе го објави својот тим за Европското првенство.

Првиот натпревар на Европското првенство Франција ќе го одигра на 17 јуни против Австрија.

Слични содржини