Јавното обвинителство ја презеде истрагата за убиството на двајцата украински војници во Германија

од Симе Стоиков
286 прегледи

Главното јавно обвинителство во Минхен денеска ја презеде истрагата за убиството на двајца Украинци поради можност делото да е политички мотивирано.

Украинското Министерство за надворешни работи во неделата објави дека станува збор за двајца војници кои биле на медицинска рехабилитација во Германија, Владимир Кожин и Вјачеслав Безугли, кои биле пронајдени со убодни рани во близина на трговски центар во градот Мурнау во саботата навечер.

Германската полиција уапси 57-годишен руски државјанин под сомнение за убиство, пренесува АП.