Наумче Мојсовски: Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти

од Симе Стоиков
243 прегледи

Наумче Мојсовски се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.

Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.

Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.

Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато.

Слични содржини