214
Вчера во 12.35 часот полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.Ј.(75) од скопско, по претходна пријава од 33-годишна скопјанка според која тој, околу 11.50 часот во близина на паркот во населбата Ѓорче Петров, се самозадоволувал во своето возило.
– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.