733
Starlink, сателитскиот огранок на SpaceX на Елон Маск, денеска соопшти дека забележала пад на квалитетот и услугите на сигналот бидејќи Земјата е погодена од најголемата геомагнетна бура поради сончевата активност во последните две децении.
Starlink поседува околу 60 отсто од приближно 7.500 сателити кои орбитираат околу Земјата и е доминантен играч на сателитски интернет, објави Ројтерс.
Маск претходно на платформата Икс (Твитер) изјави дека сателитите Starlink биле под голем притисок поради геомагнетната бура, но дека „засега се држат“.