Западните земји намерно ги зголемуваат тензиите бидејќи го сфаќаат ризикот од целосен колапс на Украина за време на тековната специјална воена операција на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков му рекол на новинарот на ВГТРК, Павел Зарубин, дека провокативните изјави на западните политичари се „намерна ескалација на тензиите“, пренесува ТАСС.
„Европјаните се скршени и гледаат дека ситуацијата брзо се менува во правец на колапс за Украинците. Затоа ја преувеличуваат оваа ситуација. Се разбира, ова е проследено со провокации од Европејците“, истакна Песков и додаде дека „ова е клучен момент“.