Дуда: Ако Русија ја победи Украина, може да нападне и други земји

од Milan1
202 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека Русија би можела да нападне други земји доколку нејзините сили победат во војната против Украина.
Тој додаде дека предвидува нов воен притисок од Кремљ во наредните недели. Во интервју за Блумберг на маргините на Катарскиот економски форум, Дуда не рече дека нападот врз соседите на Украина е неизбежен, но предупреди дека сојузниците во НАТО се ранливи.

„Ако успеат да победат во Украина, ако успеат да ги остварат своите цели, ќе нападнат други земји. Тоа може да бидат балтичките земји, може да биде Финска, може да биде Полска“, рече Дуда.

Тој додаде дека се надева оти помошта за Украина ќе пристигне пред почетокот на новата руска офанзива која, според неговите очекувања, може да започне во пролетните месеци. Полскиот претседател најави и дека неговата влада нема да може да ја испорача противракетната батерија „Патриот“ во Киев, пишува „Блумберг“.

Полска е „во потенцијално опасна зона“ и треба да ги надополни своите ресурси, рече тој, мислејќи на тенковите, авионите од советската ера и воената помош за Украина во вредност од 4 милијарди долари.

„Сега треба да се грижиме за себе“, нагласи Дуда.

Полскиот лидер, кој меѓу првите го најави своето присуство на Самитот за постигнување мир во Украина, што ќе се одржи следниот месец во Швајцарија и на кој ќе се разговара за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека е неопходно за Украина да ја врати контролата врз целата окупирана територија.

Шефовите на држави и влади на повеќе од 160 земји, вклучително и Групата седум, Групата 20, Европската унија и земјите од БРИКС, се поканети на собир во близина на Луцерн на 15-16 јуни, а Русија, која е не меѓу нив, најави дека самитот е бесмислен без учество на Москва.

Слични содржини