202
Трагедија го потресе Гњилане во Косово. Локалните медиуми известија дека косовска полицајка била пронајдена без знаци на живот во својот дом.
Се претпоставува дека припадничката на косовската полиција извршила самоубиство. Таа наводно долго време се борела со болест.
Веста била потврдена и од регионалната полиција во Гњилане.
„Ве известуваме дека денеска на 14.05.2024 година околу 11:44 часот косовската полиција во Гњилане добила информација дека 46-годишна припадничка на косовската полиција, наводно, извршила самоубиство во нејзиниот дом во Гњилане. Полицијата веднаш се упати кон местото на настанот, како и другите надлежни единици. За други информации ќе ве информираме дополнително“, стои во известувњето.