Шефот на Канцеларијата за заштита на уставните функционери, Павол Крејчи, присуствувал на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, објавија словачките медиуми.
„Тој беше со премиерот. Целиот костум му беше облеан во крв“, одговори министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.
Тој додаде дека не гледа причина шефот на канцеларијата да биде одговорен и да биде сменет од функцијата. Полицискиот инспекторат ја проверува безбедносната постапка.
Крејчи е претседател на Словачката џудо асоцијација, во 2023 година се кандидираше за партијата Хлас.
Тој ја води Канцеларијата што ги штити владините претставници од ноември 2023 година, кога владата на Фицо веќе беше на власт неколку недели. Хлас е една од двете партии во коалиција со партијата Смер на Фицо.
Да потсетиме, по атентатот, премиерот со хеликоптер беше префрлен во болницата во Бањска Бистрица и неговата состојба по операцијата е сериозна.