Руските сили напредувале 10 километри во областа Харков, но ситуацијата денеска се „стабилизирала“, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, а пренесува РБЦ-Украина.
„Денес нашите одбранбени сили ги „стабилизираа“ Русите таму каде што се. Најдлабоката точка на нивното напредување е 10 километри“, изјави Зеленски за новинарите, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека главната причина што им овозможила на Русите да ја преминат границата во правец на Харков е поврзана со немањето систем за противвоздушна одбрана, што настанало поради долгото чекање за помош од партнерите.
Според претседателот на Украина, во некои области Русите воопшто не можеле да напредуваат.
Зеленски изјави дека во регионот Харков се изградени три одбранбени линии, а Русите сè уште не се приближиле до најкомплексната од нив, запирајќи се само на првата.
„Никој не стигна до конкретната одбранбена линија, глупост е тоа што велат дека непријателот стигна до првата линија“, рече Зеленски.