Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали за планираното лансирање на Интернет услугата Starlink на SpaceX за индонезиската влада, која се надева дека ќе ја зголеми пенетрацијата на Интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.
Маск беше поздравен од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и лансирање на Starlink, пренесe Ројтерс.
Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да ги уживаат истите придобивки од Интернет со голема брзина како оние во урбаните области.